Одбојкарската репрезентација на Италија е вториот финалист на Светското првенство откако во полуфиналето убедливо ја совлада Словенија со максимални 3:0 во сетови и тоа 25:21, 25:22, 25:21.
Италијанците одиграа фантастично во Катовице и доминираа во сите три сета, оставајќи ги Словенците без никакви шанси да внесат поголема неивесност.
„Аѕурите“ победата што ги однесе во финалето голем триумф ги предводеше Даниеле Лавија со 14 поени, 12 запиша Јури Романо, а девет Алесандро Микелето. Кај Словенија најефикасен беше Клемен Чебуљ со 14 поени, а три поени помалку освои Тине Урнаут.