Италијанскиот тенисер Јаник Синер нема да игра на АТП 250 турнирот во Фиренца (Италија) кој ќе се одржи од 10 до 16 октомври.
– Разочарувачки е што морав да се повлечам од мечот во Софија. Зборував со докторот и тој ме советуваше да направам мала пауза за да заздрави скочниот зглоб. За жал, тоа значи дека ќе го пропуштам турнирот во Фиренца следната недела. Пропуштањето на турнирот во Италија е многу болно за мене… Но, сега е време да работам со мојот тим за да станам посилен. Се надевам дека ќе бидам подготвен за турнирите во Виена и Париз, напиша 21-годишниот играч на социјалните мрежи.
На 1 октомври Синер не можеше да го доигра полуфиналниот меч на турнирот во Софија против Данецот Холгер Руне. При резултат 2:3 во решавачкиот сет падна, извртувајќи го скочниот зглоб и по неколку гема Италијанецот реши да се повлече. 12-от светски рекет.
Јаник Синер се наоѓа на 12. место на АТП ранг-листата. (МИА)