петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ивановски повторно избран за претседател на тениската федерација

Ивановски повторно избран за претседател на тениската федерација

Александар Ивановски доби нов четиригодишен мандат како претседател на Македонската тениска федерација (МТФ). На Изборното Собрание, меѓу другото, беше одлучено и Управниот одбор од девет да биде зголемен на единаесет членови.

Ивановски и во претходните четири години беше прв човек на тениската федерација, сега со продолжување на активностите што ги реализираше федерацијата во изминативе четири години.

Еден од најважните моменти изминатиот период беше организација на „Македонија Опен“, женскиот фјучрс како и неколкуте турнири годишно за млатите категории.