среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ивановски се квалификува на Челинџерот во Романија

Ивановски се квалификува на Челинџерот во Романија

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски со победа попладнево над домашниот претставник Дан Томеску избори пласман на главниот турнир на Челинџерот 100 што се игра во романскиот град Јаши.

Ивановски (362 на АТП листата) триумфираше над Романецот Томеску (692) со 2-0 во сетови (7-6(9), 7-6(5), во маратонски дуел што траеше два часа и 50 минути.

Ова за Ивановски со вчерашната победа над Брендон Волкин од Австралија се првите две победи на турнири од рангот на Челинџер.

Противникот на македонскиот тенисер во воведното коло на Челинџерот во Јаши ќе боде познат по комплетирњше на второто квалификациско коло.