четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ивановски сe пласира во четвртфинале на турнирот во Шпанија

Ивановски сe пласира во четвртфинале на турнирот во Шпанија

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски обезбеди место меѓу осумте најдобри на ИТФ фјучерсот што се игра во Мадрид (Шпанија) на тврда подлога за награден фонд од 15.000 американски долари.

Ивановски го има статусот на петти носител и денеска ја оправда улогата на фаворит против Федерико Бондиоли кого го совлада со 2-0 во сетови.

Македонецот освои десет поени повеќе од Италијанецот, не дозволи ниту еднаш да му биде одземен сервисот и со 6-3 и 6-4 дојде до четвертфиналето во кое ќе ги одмери силите со 23-годишниот Алан Фернандо Рубио Фиерос.

Калин мора да внимава на Мексиканецот затоа што во оваа рунда го елиминираше првиот носител Адриа Сориоано Барера.