Калин Ивановски и Лина Ѓорческа напредуваа на најновата АТП односно ВТА листата. Ивановски „скокна“ 39, а Ѓорческа 25 места. Ивановски, минатата недела стигна до четвртфиналето на Челинџерот во Јаши, Романија. Пласманот меѓу најдобрите осум на овој турнир му овозможи напредок од 39. позиции на АТП листата. Ивановски се наоѓа на 331. место, што е негов најдобар пласман во кариерата.
На врвот на АТп листата нема промени, Карлос Алкараз е прв со 880 поени повеќе од Новак Ѓоковиќ.
Лина Ѓорческа напредуваше 25 позиции благодарение на пласманот во полуфиналето на Фјучерсот во Рим. Од денес, Ѓорческа се наоѓа на 224. место на ВТА листата.
Кај дамите прва е Ига Швјонтек пред Арина Сабаленка и Елена Рибакина. Најголем скок направи победничката на Вилблдон, Маркета Вондрушова. Тенисерката од Чешка напредуваше 32 места, со што се најде на 10. место на листата.