Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски имаше добар настап на Медитеранските игри (МИ) во Оран, каде што го освои осмото место на трката на 5.000 метри.
Ивановски со време 13:54.58 стигна до осмата позиција во конкуренција на 14 учесници на трката, а притоа постави нов македонски рекорд, додека прв заврши Софијан Букантар со време 13:36.12.
Македонскиот атлетичар го подобри времето за две секунди, па така новиот рекорд изнесува 13:54.58.