петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Изјавата на Дел Порто го крена на нозе тимот на Ѓоковиќ, сите аплаудираа (ВИДЕО)

Големо пријателство владее меѓу овие ривали, што се виде по завршувањето на финалето на УС Опен.
Изјавата на Дел Порто го крена на нозе тимот на Ѓоковиќ, сите аплаудираа (ВИДЕО)

Меѓу Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин дел Потро владее големо пријателство што можеше да се види и по финалето на УС Опен кога српскиот тенисер славеше со 3:0.

Новак по завршувањето на натпреварот, а пред почетокот на свечената церемонија, му пришол на Дел Потро да го утежи кој плачел сам седнат во мракот.

Аргентинецот се смирил кога почнала церемонијата, а кога се обратил не ја пропуштил шансата да каже колку го сака Ѓоковиќ и дека е среќен поради него и покрај поразот во финалето.

-Тешко е да се зборува во овој момент, но ве сакам момци. Среќен сум што играв во финалето со овој величенствен идол. Тој знае дека е еден од моите најдобри пријатели, играч кој сакал да го гледам како ги освојува титулите. Секако дека сум тажен што го загубив финалето, носреќен сум поради Новак и неговиот тим, изјавил Дел Потро кој доби голем аплауз од публиката, а особено од тимот на Ѓоковиќ кои станаа да го поздрават Аргентинецот.