понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Изнер втор во историјата на тенисот со сервирани 13 илјади аса

Изнер втор во историјата на тенисот со сервирани 13 илјади аса

Американскиот тенисер Џон Изнер вчеравечер во првото коло на Мастерсот во Синсинати го победи Камерон Нори со 2-1, во сетови 4:6, 7:6, 6:4. За време на натпреварот, Американецот комплетираше 26 аса.

Изнер досега во кариерата има 13.004 асови во кариерата и стана вториот тенисе ркој ја надминал границата од 13 илјади. Пред него, таков подвиг направи Иво Карловиќ од Хрватска кој стигна до 13.709 аса.

– Ова е кул. Свесен сум дека сум близу до Иво, можам да го соборам рекордот. Ако ја заврши кариерата наскоро, тогаш овој рекорд ќе биде остварлив. Би сакал да станам негов сопственик, не го кријам тоа, изјави Изнер.

Триесет и шестгодишниот Американец во 1/16финалето во Синсинати ќе се сретне со Јаник Синер од Италија.