недела, 21. април 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Јапонец го освои првиот златен медал во новиот олимписки спорт – скејтбординг

Јапонец го освои првиот златен медал во новиот олимписки спорт – скејтбординг

Јапонецот Јуто Хоригоме се запиша денеска во историјата на Олимписките игри, како првиот олимписки победник во новиот спорт на најголемите игри – скејтбордингот.

Јапонецот со најдобра изведба и со деветки во петте „трикови“ во две возења на сјект-паркот во Токио, стигна до вкупни 37.18 поени за да си го обезбеди првото злато во овој спорт, па беше недостижен за конкуренцијата да го урне.

Бразилецот Кевин Хефнер стигна до сребро со 36,15 поени, а Џегер Итон, кој е моментно вториот најдобар скејтер на ранг-листата стигна до бронзата, додека првиот фаворит пред стартот на ЛОИ, Нијах Хустон не освои ни медал.