Јасмин Флури приреди големо изненадување и го освои златниот медал во женскиот спус на Мундијалот во Куршевел.
Швајцарката до победата стигна со време од 1:28.03 минута, што беше за само 4.стотинки побрзо од Австријка, Нина Ортлајб.
Со заостанување од 12.стотинки зад победничката до бронзата, стигна нејзината сонародничка Корин Сутер.
Ова е само втора победа во кариерата за неверојатната Флури, која претходно славеше само на супервелеслаломот во Светскиот куп на домашен терен во Сент Мориц во 2018 година.
Италијанката, Софија Гоџа која беше топ фаворитка за златото, а која е и водечка во Светскиот куп, остана без пласман.
Утре на шестиот ден на шампионатот, на програмата е машкиот спуст.