среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Јелена Ѓоковиќ: После тој пораз, Новак сакаше да престане да игра тенис

Јелена Ѓоковиќ: После тој пораз, Новак сакаше да престане да игра тенис

Сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена, даде една емотивна изјава во која ги опиша најкритичните моменти од кариерата на нејзиниот сопруг.

Новак во 2018 година бил на прагот да ја прекине кариерата, но таа помогнала да се премисли, па сега Србинот кој има 36 години, не ни помислува на пензионирање и се спомнува дури и дека сака да игра на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

Во второто коло на Мастерсот во Мајами во 2018 година, Новак загуби лесно од Беноа Пер и тој пораз многу тешко му паднал. Во тој период имаше и разделба со тренерот Андре Агаси, па Новак размислувал за ставање крај на кариерата.

„После тој ужасен пораз во Мајами, Новак сакаше да престане со играње тенис. Ги собра членовите на својот тим и им рече: Знаете што? Готов сум! Престанувам! А, ние плачевме, му велевме дека не може да го прави тоа, дека не е вистинско време. Тој тогаш не сакаше да игра тенис, не сакаше ни да види топчето како поминува покрај него. Јас го сакам тенисот, децата ги водам на терен секој ден, а третиот ден дојде и Новак. Виде дека се забавуваме и ме праша може ли да игра со нас. Го одбив, почнав да го задевам, му реков нели се откажа, дека нам ни е ред да играме. На крај тој поигра и рече дека се чувствува добро. Секој ден доаѓаше со нас да игра, и конечно му се јави на тренерот Марјан Вајда и го замоли да продолжат со тренинзи“ – раскажува Јелена Ѓоковиќ.

24.