За прв пат во Македонија ќе се одржи ЈКА карате семинар со Сенсеи Коичиро Окума 7 дан во организација на Македонската традиционална карате федерација.
Семинарот ќе се одржи од 9 до 13 Ноември 2023 во салите на Карате клубот Работнички и Будо центарот НЕДЕВИ во Скопје. Сенсеи Окума кој е повеќекратен шампион на Јапонија доаѓа на покана на нашиот најдобар каратист Дејан Недев. Јапонската Карате Асоциација е прва и најстара карате организација во светот формирана во далечната 1949 година од страна на Масатоши Накајама и Хидетака Нишијама основач на ИТКФ.
ЈКА е една од најмасовните и најорганизираните карате федерации во светот со седиште во Токио, која во минатото и денес ги испраќа најдобрите јапонски инструктори да го шират каратето во светот. Меѓу најистакнатите јапонски инструктори кои во минатото одржале карате семинари во Македонија на покана на Венцислав Недев биле: Хидетака Нишијама, Таиџи Казе и Хироши Шираи. ЈКА исто така учествува и се натпреварува на ИТКФ светските шампионати во традиционално карате, информираат од мкедонската федерација.