Машката одбојкарска репрезентација на Македонија денес на гостински терен против Украина ги започнува своите натпревари во Европската одбојкарска златна лига.
Селекторот Јошко Миленкоски е задоволен како минаа подготовките пред новите предизвици, нагласувајќи дека секој во тимот е подготвен да го даде максимумот за успешни настапи.
„Мислам дека сега сме на едно повисоко ниво во формата од самиот старт на подготовките, и тоа беше посакуваната цел во оваа фаза. Знаеме дека не чекаат тешки натпревари против силни противници, но подготвени за дуелот со Украина. Настапот во Златната лига ќе ни биде еден вид генерална подготовка за главниот настан, Европското првенство во Скопје во август и септември“ – вели Миленкоски пред дуелот со Украина кој ќе се игра во Полска.