понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Јуниорите на Алкалоид со најмногу медали на екипно првенство во шах

Јуниорите на Алкалоид со најмногу медали на екипно првенство во шах

На 19-ти и 20-ти ноември во Скопје се одржа екипното младинско првенство на Македонија во шах, каде што претставниците на ШК Алкалоид освоија најмногу медали во сите конкуренции.

Екипите беа поделени по возрасни категории, при што јуниорите на нашиот најтрофеен шаховски колектив освоија медали во секоја конкуренција каде што настапија.

На крајот, ШК Алкалоид имаше „шест од шест“, односно медал со секоја екипа која беше составена од најмалку четири играчи (плус резерви).

Во конкуренциите каде што имаше повеќе од четири пријавени екипи, беа направени Група А и Група Б, по што по две најуспешни од двете одеа во финалната група и се бореа за медали.