Најдобриот македонски тенисер не успеа да го освои трофејот од турнирот во Монастир, Тунис, го предаде финалето против Рајан Нијбоер во вториот сет.
Ивановски вчера играше два меча во по три сета, утринава победи и во полуфиналето, но се чини дека ја потроши силата за финалето.
Нијбоер го доби првиот сет со 6-2, во вториот водеше со 3-0, тогаш Ивановски реши да го предаде мечот.
И покрај овој пораз, пласманот во финалето ќе му донесе нови поени на Ивановски со кој веројатно ќе направи нов скок на АТП листата.