вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Калин Ивановски на чекор до пласман на главниот турнир во Јаши

Калин Ивановски на чекор до пласман на главниот турнир во Јаши

Македонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски е на чекор го пласман на главниот турнир од АТП серијата што се одржува во романскиот град Јаши.

Ивановски во првото квалификациско коло триумфираше над Брендон Вокин од Австралија совладувајќи го со 6:2 и 6:2 во меч што траеше еден час и 24 минути.

За влез на главниот турнир Ивановски ќе се соочи со домашниот тенисер Дан Александру Томеску кој забележа победа од 6:4 и 6:2 во дуелот против Иља Снитари од Молдавија.