Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски по неколку неделна пауза повторно се врати на терените и во првиот настап на ИТФ фјучерсот во францускиот град Поитје успеа да се пласира во следната рунда.
На турнирот што се игра за награден фонд од 15.000 долари, Ивановски во меч што траеше 70 минути во два сета со 6:2 и 6:4 го совлада Чехот, Метју Вилијам Доналд.
Противник на Ивановски во осминафиналето ќе му биде Французинот, Александер Реко кој славеше над Николај Вјлегженин со 2:1 по сетови 7:5, 3:6 и 6:2.