петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Калин Ивановски се пласира во осминафиналето на турнирот во Коршумлиска бања

Калин Ивановски се пласира во осминафиналето на турнирот во Коршумлиска бања

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го победи Виктор Јовиќ со 2:1 во сетови, 3:6, 6:3 и 6:4 и избори пласман во осминафиналето на турнирот во Куршумлиска бања, Србија.

Ивановски не тргна добро, но во вториот возврати и понатаму направи брејк на почетокот на последниот сет и на крајот победи.

Во наредното коло Ивановски ќе игра против Тимо Легу од Франција, кој е шести носител на турнирот.

Инаку Ивановски денеска ќе настапи и во двојки. Со Украинецот Овчаренко ќе се спротистават на Амиров/Крапивин во осминафиналето.