Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски, се пласира во четврт-финалето од фјучерс-турнирот во Мадрид, откако дојде до втора по ред победа, овој пат над домашниот претставник Џон Ечеварија (7-6, 7-5), кој е подобро пласиран на АТП-листата.
Мечот беше напорен и возбудлив, со оглед што секој од сетови траеше повеќе од еден час. Ивановски првиот го доби во тај-брејк и тоа со 11-9, додека втроиот со 7-5 во гемови.
Негов следен противник е првиот носител на турнирот, Американецот Николас Морено дел Алборан, кој е 306-ти тенисер на светот.