петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Калин Ивановски убедливо до осуммината најдобри во Крамсах

Калин Ивановски убедливо до осуммината најдобри во Крамсах

Македонскиот тенисер Калин Ивановски на убедлив начин со две експресни победи стигна до четвртфиналето на фјучрсот во австрискиот град Крамсах.

Тој во мечевите од првите две кола загуби само четири од 28 одиграни гема. Во денешниот меч од второто коло го победи Австриецот Сил Гаџери со 2-0 во сетови (6-1, 6-2) за 52 минути.

Ивановски имаше четири ас сервиси, а противникот пет двојни сервис грешки, притоа нашиот тенисер реализираше пет од десетте брејк топки во мечот.

Во четвртфиналето кое е на програмата утре Ивановски ќе игра со победникот од мечот Сандро Кор.