понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Калин Ивановски во финалето во двојки на фјучрсот во Србија

Калин Ивановски во финалето во двојки на фјучрсот во Србија

Mакедонскиот тенисер Калин Ивановски заедно со Олександр Овчаренко обезбеди финале во двојки на турнирот во Куршумлиска Бања, Србија.

Ивановски и Овчаренко беа подобри од нивните колеги Марк Лајал и Бенјамин Лок со 2-1 во сетови, односно 6-4, 2-6 и 10-6.

Македонскиот тенисер заедно со неговиот соиграч за титулата во Србија ќе се борат против Андреј Чепелев и Микалаи Халак.