Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски ја забележа и втората победа на јуниорскиот дел од Вимблдон.
Ивановски пласман во третото коло обезбеди по триумфот во два сета со 6:1 и 6:2 во меч што траеше 64 минути против Родриго Мендез Пачеко од Мексико.
Противник на Ивановски во шеснаестина финалето ќе му биде осмиот носител на турнирот Едас Бутвилас од Литванија.