сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Канада за прв пат го освои Дејвис купот

Канада за прв пат го освои Дејвис купот

Тениската репрезентација на Канада го освои Дејвис купот во 2022 година победувајќи ја во финалето Австралија со 2:0.

Во првиот меч од финалето денес Денис Шаповалов го совлада Танаси Кокинакис во два сета (6:2, 6:4).

Вториот поен на Канада и го донесе Феликс Оже-Алиасим со победата над Алекс де Минаур (6:3, 6:4).

Канаѓаните го освоија Дејвис купот за прв пат во историјата. (МИА)