Еден јога клуб од Торонто изнајде оригинално решение за на своите членови да им овозможи посета на часови, а истовремено да бидат на дистанца и заштитени од коронавирусот.
Јога клубот Lmnts Outdoor Studio набави 50 големи меури, по еден за секој член. Во секој од нив се одржува температура од 37 степени целзиусови, или 100 фаренхајтови по канадски, идеални за вежбање јога.
„Досега владее невиден позитивизам, сите уживаат, а за наредните 4-5 дена местата се 90% пополнети. Моравме да го зголемиме класот за уште неколкумина да се приклучат“, вели Стив Џорџиев, организатор во јога клубот.
По завршувањето на класот, секој меур е дезинфициран пред да биде употребен од друг член.