Карате федерацијата на Македонија ги избра најдобрите за 2020 година. Во категоријата најдобар сениор во машка конкуренција во борби признанието го доби Емил Павлов, пред Петар Спасеновски и Жарко Арсовски.
Кај дамите најдобра каратистка за 2020 година е Вероника Костовска, пред Ангела Мојсовска и Симона Заборска.
Во категорија на кати најдобри се Фери Исиќ и Пулексенија Јованоска, додека за најдобар тренер во сениорска и во младинска категорија е прогласен Бошко Заборски.
Макпетрол ја освои наградата за најдобар клуб во младинска и во сениорска категорија.