Македонскиот каратист, Емил Павлов, го совлада Оргес Арифи од Косово со 3:1 и ја постигна првата победа за Македонија на Медитеранските игри во Тарагона.
Каратистка Симона Заборска беше поразена во првото коло, а вчера одбојкарите беа совладани со 3:2 во сетови од Египет.
Македонија на игрите во Шпанија е застапена со 71 спортист во 15 спортови – карате, џудо, борење, бокс, теквондо, ракомет, одбојка, кошарка 3х3, стрелаштво, стреличарство, коњички спорт, атлетика, тенис, пинг-понг, веслање.
Ова е второ учество на македонските спортисти на Медитеранските игри.