Македонскиот каратист Емил Павлов кој успеа да стигне до финалето во Премиерлигата во карате во Москва откако на патот кон мечот за злато победи двајца светски шампиони, до својот голем успех стигнал на уште поневеројатен начин – со скршеница на раката.
Павлов е најдобриот македонски каратист во моментов, двократен европски првак, медалист од континенталните собири, а на оваа Премиерлига во Москва, резултатите се бодуваат за настапот на ЛОИ во Токио идната година. И на патот до финалето стигна со пет победи, меѓу нив и против двајца светски шампиони, а после третиот триумф здобил скршеница на палецот на раката. Но, и со таква повреда успеа да стигне до финалето.
„Дојдов и болен, ама бев добро подготвен за настапот. Верував во себе и дадов сè од себе. Лекарот, пред четвртата борба, ми кажа дека е можно да ми скршен палецот на едната рака. Имав големи болки, но издржав. Мојата желба за победа беше посилна од сè. Сега имам еден ден одмор да ја санирам некако оваа повреда. Ќе настапам и верувам дека можам да ја забележам и шестата победа по ред во една Премиер лига“, вели Павлов за „штипски асови“.