Причините за вежбање се индивидуални, како што се подобрување на густината на коските, мускулната сила или подобро ментално здравје.
Сепак, експертите веруваат дека здравото срце е прилично универзална желба која сите ја споделуваме. Според кардиологот Џесика Хенеси, вистинската комбинација на вежби во вашата рутина може да направи чуда за здравјето на вашето срце, пренесува The Healthy.
Како што открива, постојат три едноставни вежби кои можат да ви помогнат да го одржите срцето силно, да спречите срцеви заболувања и да го подобрите закрепнувањето доколку имате срцев удар.
Аеробна активност
Срцето е мускул и исто како и секој друг мускул станува посилен колку повеќе го користите или вежбате, вели д-р Хенеси.
„Аеробните вежби го зајакнуваат срцето бидејќи на некој начин го подготвуваат да поднесе секаков стрес во телото“, објаснува таа.
Покрај тоа, аеробните вежби, честопати познати како кардио, исто така значително помагаат во контролата на тежината, ја подобруваат циркулацијата на крвта и го спречуваат оштетувањето на артериите од висок холестерол, висок шеќер во крвта или висок крвен притисок. Како што додава кардиологот, сето тоа го одржува вашето срце здраво и го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
Тренинг за издржливост
Мускулите се главните потрошувачи на енергија во вашето тело, објаснува Хенеси, така што поголема мускулна маса значи поголема потрошувачка на енергија во текот на денот. Ова значи дека постигнувате повисока стапка на метаболизам што го олеснува согорувањето на калориите и одржувањето на здрава тежина. Истражувањата исто така покажуваат дека зголемувањето на мускулната маса има заштитен ефект врз вашите артерии, намалувајќи го ризикот од висок крвен притисок и стврднување на артериите.
Лекарите препорачуваат умерен до високоинтензивен тренинг за издржливост најмалку двапати неделно, заедно со аеробни вежби. Но, повторно, земете предвид која е вашата физичка подготвеност и кондиција. Пребрзото кревање тежина може да изврши преголем притисок на вашето срце и да го зголеми ризикот од повреда, објаснува кардиологот.