Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас ја оправда улогата на фаворит и успеа да ја освои титулата на АТП Мастерсот во Мадрид.
Шпанецот во големото финале важеше за апсолутен фаворит во пресметката со Јан-Ленард Штруф, но мораше добро да се испоти за да дојде до посакуваниот резултат.
Два ипол часа Алкарас и Штруф водеа борба во шпанската престолнина за да на крајот се заврши со резултат 2-1 во сетови со 6-4, 3-6, 6-3.
Со ова Карлос ја одбрани титулата во Мадрид со што му се приклучи на Рафаел Надал како единствени тенисери со ваков учинок на овој турнир.
Воедно стана најмлад играч кој го одбранил пехарот на Мастерс од серијата 1000 по Надал во Монте Карло и Рим во 2005-06. Ова за младиот Шпанецот беше 29 сезонска победа и вкупно 10 пехар во кариерата.