Светскиот рекет број 4 Каспер Руд од Норвешка се квалификуваше за своето второ последователно финале на Ролан Гарос победувајќи го 27-то на АТП рангирањето, Германецот Александар Зверев во полуфиналето со 6-3, 6-4, 6-0.
Во неделното финале Руд ќе се соочи со Србинот Новак Ѓоковиќ, кој ќе се обиде да стане првиот човек кој освоил 23 Грен слем титули.
Норвежанецот така по трет пат стигна до финалето на Грен слем, а вторпат по ред ќе игра во големото финале на Ролан Гарос.
Руд минатата година во финалето на Париз беше поразен од Рафа Надал, а сега ќе игра против Ѓоковиќ, кој го победи на сите четири натпревари. Уште полошо за Руд е што не освои ниту сет во тие четири обиди.