Трки од Мото ГП шампионатот од следната сезона ќе се возат во Казахстан, откако промоторот на натпреварувањето „Дорна“ потпиша петгодишен договор со организаторите.
Трките ќе бидат организирани на новоизградената патека „Сокол“ на влезот во најголемиот казахстански фрад Алмати.
Од премиерното издание на Мото ГП шампионатот во 1949 година, Казахстан ќе биде 30. земја која ќе организира трки во ова натпреварување, додека патеката „Сокол“ ќе биде 74. домаќин во „кралската“ класа.
Датумот за премиерната трка во Казахстан ќе биде дополнително соопштен. (МИА)