Возачот на Ферари во Формула 1, Кими Раиконен не беше расположен кога мораше да коментира за неговата претстојна разделба со тимот. Финецот, сепак, изјави дека ова не е „негово решение“.
Пред само неколку денови „Скудерија“ објави дека договорот на 39-годишниот ветеран истекува на крајот од годината и нема да биде обновен. Следната сезона, партнер на Себастијан Фетел ќе биде Шарл Леклер.
Во меѓувреме Раиконен останува дел од „кралските трки“, по потпишувањето на 2-годишниот договор со Заубер, тимот во кој го направи дебито во Ф1.
– Разделбата со Ферари? Тоа не беше до мене и не беше моја одлука. Таква е разврската, барем имаме некаква разврска, изјави „Ајсмен“ на пресот пред Гран-при викендот во Сингапур.
Тој остро одговори во однос на прашањето дали е среќен што оди во помал тим како Саубер.
– Зошто да не сум?! Сакам да одам таму. Зошто ги правите нештата толку комплицирани? реторички го праша Раиконен новинарот кој му го упат прашањето.
Во однос дали ова ќе биде неговиот последен договор, Кими изјави дека постои голема шанса тоа да е случај.
– Ќе престанам да се натпреварувам, кога ќе почувствувам дека тоа е вистинското нешто за мене, додаде Раиконен.