петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Кипар лесен плен за нашите најдобри одбојкари

Кипар лесен плен за нашите најдобри одбојкари

Македонската одбојкарска репрезентација со победа од 3-0 против Кипар го отвори турнирот од Европската сребрена лига.

Популарните „Спартанци“ ја контролираа играта од почетокот до крајот на натпреварот со што ја оправдаа фавористката улгоа и ја забележаа 71. победа во својата истроија.

Македонија одлично го започна натпреварот и веќе во првиот сет го доби со 25-21. Добрата игра на „црвено-жолтите“ продолжи и во останатиот дел од натпреварот, славејќи во преостанатите два сета со идентична разлика (21-25.

Никола Ѓорѓиев со 20 поени беше предводник на нашата репрезентација, а него го следеше Александар Љафтов со 11 погодоци. Седум поени забележа Владо Милев, додека пет погодоци додаде Ристо Николов.

Во следниот натпревар нашите репрезентативци силите ќе си ги одмерат со Израел со почеток од 20 часот.

foto: gol.mk