понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Кирјиос: Да освојам Грен Слем па заминувам во пензија

Кирјиос: Да освојам Грен Слем па заминувам во пензија

Ник Кирјиос новата сезона ја започна со настап во Светската тениска лига и забележа пораз од Феликс Оже-Алиасим, но се надева дека 2023 година може да биде подобра од претходната.

Контроверзниот тенисер зад себе ја остави најуспешната сезона во кариерата, бидејќи за првпат играше Грен слем финале. На Вимблдон во решавачкиот меч подобар од него беше Новак Ѓоковиќ кој победи во четири сета.

Тој верува дека 2023 ќе биде поуспешна и со освоен Грен слем да замине во пензија.

„Се надевам дека ќе можам да освојам Грен слем и после тоа да се пензионирам“.