среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Кирјос до Федерер: Никој никогаш нема да игра како тебе 

Кирјос до Федерер: Никој никогаш нема да игра како тебе 

Австралискиот тенисер Ник Кирјос им се приклучи на тенисерите кои на Роџер Федерер му посакаа среќно заминување во пензија.

Швајцарецот, кој во кариерата освои 103 титули, од кои 20 грен – слем трофеи, вчера најави дека ќе се повлече од тенисот по настапот на Лејвер купот, од 23. до 25 овој месец во Лондон.

Никој никогаш нема да игра како тебе. Уживај. Ми беше чест, напиша Кирјос на својот Инстаграм профил, илустрирајќи ја пораката со заедничка фотографија со Федерер.

Кирјос и Федерер одиграа седум меѓусебни дуели. Швајцарецот забележа шест победи, додека Кирјос триумфираше во нивниот прв меѓусебен дуел на Мастерсот во Мадрид, во 2015 година.  (МИА)