сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Кирјос и сè е можно: Погледнете го овој неверојатен поен на Австралиецот! (ВИДЕО)

Кирјос и сè е можно: Погледнете го овој неверојатен поен на Австралиецот! (ВИДЕО)

Ник Кирјос се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Вашингтон (САД), откако го елиминираше Словакот Норберт Гомбос двапати со 6:3.

Кирјос ја темпира формата пред настапот на последниот грен слем турнир годинава, „УС Опен“ кој што ќе стартува на 26 август.

Доцна синоќа обезбеди нов триумф во Вашингтон, совладувајќи го Гомбос со 2:0 во сетови, а мечот го одбележа и еден одличен поен.

За момент сите помислија дека словачкиот тенисер е многу блиску до поенот, Австралиецот стигна сè што можеше и на крајот ја одушеви публиката. Гомбос направи грешка и погоди во мрежата, а Кирјос скокна за секој случај, по што го прослави поенот.

Како полуфиналист се промовираше и првиот носител на турнирот, Гркот Стефанос Циципас кој со 7:5 и 6:0 го совлада Беноа Пер.