Австралискиот тенисер Ник Кирјос ќе мора да плати највисока казна во историјата на УС Опен, во износ од 11.000 долари, поради неспортско однесување, плукање и пцости за време на дуелот од второто коло во кое триумфираше над Французинот Бенжамен Бонзи со 7:6 (4), 6:4, 4:6, 6:4.
Кирјос честопати плукаше во насока кон својот противник, извикуваше непристојни зборови, а влезе во кавга и со својата девојка Костин Хаци, која од трибините го следеше натпреварот во Њујорк.
– Оди си дома ако не сакаш е … да ме поддржуваш, и порача Кирјос на својата девојка што можеше да се забележи на телевизисокиот пренос.
Австралискиот тенисер во третото коло ќе игра против американскиот тенисер Џефри Џон Волф.