вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Кирјос нема да настапи на Ролан Гарос

Кирјос нема да настапи на Ролан Гарос

Австралискиот тенисер Ник Кирјос нема да игра на овогодинешниот Ролан Гарос.Тој годинава беше елиминиран во сингл во второто коло на Австралија опен, додека титулата ја освои во двојки. Кирјос беше поразен во четвртфиналето во Индијан Велс, потоа беше елиминиран во четвртото коло во Мајами.

На на почетокот на април играше само на турнирот во Хјустон, каде стигна до полуфиналето и ја забележа првата победа на земјена подлога од 2019 година.

Ова ќе биде петта година по ред контроверзниот Австралиец да го нема на Ролан Гарос, тој најави дека има шанси да игра во Париз во 2023 година.