понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Кирјос: Подготвен сум да освојам грен – слем

Кирјос: Подготвен сум да освојам грен – слем

Австралискиот тенисер Ник Кирјос најави оти е подготвен да триумфира на Австралија опен и со тоа да го освои својот прв грен – слем турнир во кариерата, иако призна дека чувствува голем притисок од домашната јавност.

„Се чувствувам како да сум го прифатил притисок и тој предизвик. Не е лесно, навистина напорно работев за да го канализирам и искористам како гориво. Имам шанса да освојам грен – слем“, изјави Кирјос.

Австралискиот тенисер додаде оти се радува поради одлуката на организаторите да му дозволат настап на грен-слем турнирот во Мелбурн на Србинот Новак Ѓоковиќ.

„Новак е здрав и подготвен да игра и да понуди одлична забава за навивачите и нашата земја. Среќни сме што го имаме во спортот. Ѓоковиќ е најдобриот играч во светот и ниту еден турнир не е вистинскиот ако тој не е тука“, рече Кирјос.  (МИА)