сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Кирјос се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон

Кирјос се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон

Ник Кирјос по вторпат во својата кариера се пласираше во едно четвртфинале на Вимблдон, откако денеска ги надмина проблемите со мала повреда и го урна отпорот на Накашима.

Австралиецот беше поуспешен по голема борба која траеше повеќе од три часа, а која беше решена во одлучувачки петти сет кој му припадна на Кирјос со 6:2.

Кирјос се најде во едно четвртфинале на грен слем турнир првпат по 2015-та година, а противник ќе му биде Гарин кој исто така одигра пет сета и беше подобар од Де Минаур.