понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ќерката на легендарниот тениски тренер Ник Болитиери со порака: Татко ми е на пат да замине на другиот свет, молете се за него

Ќерката на легендарниот тениски тренер Ник Болитиери со порака: Татко ми е на пат да замине на другиот свет, молете се за него

Светски познатиот американски тениски тренер Ник Болитиери е во тешка здравстена состојба. Тој има 91 година, а неговата ќерка Анџелик Ен на социјалните мрежи повика луѓето да се молат за него.

-Мојот татко е близу да замине на другиот свет, но се уште е тука со нас. Молете се за него. Те сакаме тато, напиша Ен Болитиери.

Дел од американските медиуми погрешно го протолкуваа статусот на ќерката и објавија дека Болитиери починал во неделата како последица на бубрежна инфекција.

Ник Болитиери е познат по својата тениска академија во Флорида низ која минаа голем број тениски ѕвезди, вклучувајќи ги Моника Селеш, Андре Агаси, Џим Куриер, Серена и Венус Вилијамс, Марија Шарапова, Мартина Хингис, Мери Пирс, Ана Курњикова и Борис Бекер.