вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Клема Ноал победи на слаломот во Крањска Гора

Клема Ноал победи на слаломот во Крањска Гора

На денешната слаломска трка во Крањска Гора победата му припадна на Клема Ноал кој постави време од 1:47.51, што беше за 62 стотинки подобро од второпласираниот сонародник Виктор Муфа Жанде.

Третото место му припадна на Рамон Цејнхојзер од Швајцарија кој доцнеше 71 стотинка зад времето на победникот.

Австриецот Марко Шварц го обезбеди малиот кристален глобус во слалом иако денеска заврши само како седмопласиран.