Претходните недели се шпекулираше за тоа, а сега има потврда од првиот човек на УФЦ, Вајт, а тоа е дека Конор Мек Грегор се враќа!
Помина повеќе од една година од неговата последна борба, додека против Мајкл Чендлер ќе го чека нова.
Мек Грегор не се врати во рингот по борбата со Дастин Поаре во мај 2021 година, при што се здоби со скршеница на ногата, откако противникот му ја ослабна ногата со удар, која подоцна му се скрши.
Паузираше, зборуваше за пензија, но очигледно се враќа. Тој ќе му биде тренер на Мајкл Чендлер во „Ултимејт фајт“, а потоа на самиот крај на сезоната двајцата ќе ги одмерат силите. Во досегашната кариера Мекгрегор има 22 победи и шест порази.
McGREGOR vs CHANDLER IS CONFIRMED!!@TheNotoriousMMA and @MikeChandlerMMA will officially coach the next season of #TUF31! pic.twitter.com/effjf0Rg2M
— UFC (@ufc) February 4, 2023