сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Конор Мекрегор се враќа во УФЦ, познато со кои тројца ривали ќе се борат против него

Конор Мекрегор се враќа во УФЦ, познато со кои тројца ривали ќе се борат против него

Еден од најпопуларните борци во историјата на ултимејт фајтот, Ирецот Конор Мекрегор, потврди дека ќе се реактивира.

Конор, кој се нема борено од 2021 година, во декември годинава ќе се бори со Мајкл Чендлер, а во текот на следната 2024 година има закажано борби против Џастин Гејтџи и Нејт Диаз, со кого ќе комплетира трилогија.

Пред да добие дозвола да се бори во октагонот, 34-годишниот мора да помине шест месеци во САД на антидопинг тестови и мора да има два негативни теста.