Легендарниот квотербек, Том Брејди ќе го гледаме на терените во НФЛ лигата и во наредната сезона.
Ова е последната одлука која сам тој ја објави што значи дека многу кратко траеше неговиот одмор, пензија која ја најави на почетокот на месец февруари.
-Во последните два месеци сфатив дека моето место се уште е на теренот, а не на трибините. Тоа време ќе дојде, ама не е сега. Ги сакам моите соиграчи и го сакам моето семејство кое ме поддржува. Без нив ништо од ова не би било возможно. Се враќам за мојата 23-та сезона во Тампа. Имаме незавршена работа, -порача 44-годишниот Брејди на социјалните мрежи.
These past two months I’ve realized my place is still on the field and not in the stands. That time will come. But it’s not now. I love my teammates, and I love my supportive family. They make it all possible. I’m coming back for my 23rd season in Tampa. Unfinished business LFG pic.twitter.com/U0yhRKVKVm
— Tom Brady (@TomBrady) March 13, 2022
Брејди кој за многумина важи за најдобар играч во историјата на НФЛ лигата има освоено седум шампионски прстени, првите шест беа со Њу Ингланд, а последната со Тампа Беј, тим со кој ќе продолжи да игра во нареднава кампања.