петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Крикетот ќе биде дел од Олиписките Игри во 2028 година

Крикетот ќе биде дел од Олиписките Игри во 2028 година

Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) изгласа да се прифати крикетот во семејството на спортови и со тоа тој официјално беше вклучен во програмата на Олимписките игри.

Љубителите на овој спорт ќе ја дочекаат премиерата на крикет на Игрите во Лос Анџелес во 2028 година.

Како еден од најпопуларните спортови во светот (од едноставна причина што го следат една милијарда Индијци), крикетот долго време се поврзуваше со имплементација на Олимпијадата, а конечно за тоа дојде и ред.

Така, со одлука на одборот на ИОК, тој спорт стана 35. во програмата на Олимписките игри.