Возачот на Мекларен, Ландо Норис оствари најдобар резултат во квалификациите за Ф1 трката за Големата награда на Русија. До пол-позицијата тој стигна со време 1:41.993 минута минути.
Второто место го зазеде Карлос Сајнц од Ферари со 0,517 секунди послабо време од Норис.
Од вториот ред ќе тргнат Џорџ Расел од Вилијамс (+0,990 секунди) и возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон кој имаше и едно излетување од патеката со болидот по што удри во ограда и го оштети задниот браник.
Меѓу најбрзите десет во квалификациите се и: Даниел Рикардо, Фернандо Алонсо, Валтери Ботас, Ленс Строл, Серхио Перез и Естебан Окон.
Трката за руското Гран при ќе се одржи утре на патеката во Сочи со почеток во 14 часот.