петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Квартараро со рекорд за најбрзи круг на „Сепанг“ во МотоГП

Квартараро со рекорд за најбрзи круг на „Сепанг“ во МотоГП

Сателитскиот пилот на Јамаха во МотоГП, Фабио Квартараро постави рекорд за најбрз круг на патеката „Сепанг“ во Малазија, каде викендов се одржува трка во кралската класа, со време од 1:59.027 мин.

Со своето достигнување, Квартараро заврши на чело на првиот тренинг на МотоГП во Малезија со предност од само 0,083 секунди против тимскиот колега Франко Морбидели.

Двајцата ги забележаа најдобрите кругови во последните фази на тренингот, додека трет остана пилотот на Јамаха, Маверик Вињалес.

Шпанецот беше најбрз во најголемиот дел од тренингот и беше првиот пилот кој се спушти под 2 минути.