Љафтов не ги криеше емоциите, тој нагласи дека одличната атмосфера, решителноста на тимот и химната која му ги насолзила очите, биле само дополнителен мотив од оној натпреварувачкиот.
„Натпреварот го реши душата, срцето и Македонија. Решителноста ја краси оваа репрезентација отсекогаш, па статистиката е во втор план. Одлучи душата, атмосферата во салата и химната од која ми се насолзија очите. Одиме на ист начин против Црна Гора. Можеме подобро, имавме денес и грешки во повеќе сегменти. Мора да ги надминеме негативните страни, меѓутоа, ете, нека имаме и повеќе грешки, ама да ги победиме Црногорците. Сега е потребно емоциите да слегнат, бидејќи в сабота ни следи уште еден навистина тежок натпревар“, изјави Љафтов.
Избраниците на Јошко Миленковски се слободни в четврток и петок, а веќе в сабота следи уште еден клучен меч, со Црна Гора.
foto: gol.mk